Во рамките на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје односно во поликлиниките „Бит Пазар“, „Јане Сандански“ и „Драчево“ ќе се утврдуваат вредностите на биохемиско лабораториски здравствени услуги Д-димер и ЦРП бесплатно, соопшти Лекарската комора.

Во овие поликлиники во Скопје ќе се прават лабораториски анализи на двете клучни вредности, кои според лекарите покажуваат во која насока се движи здравствената состојба на пациентите заболени од Ковид-19. Граѓаните бесплатно, со упат од матичен лекар ќе може да ги проверат вредностите на Д-Димерите и ЦРП во амбулантите на „Бит Пазар“, „Јане Сандански“ и „Драчево“.

Согласно воведувањето на новиот образец на Лабораториски упат 1-covid 19 од избраниот лекар, Лу1 – covid 19, во рамките на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје односно во поликлиниките Бит Пазар, Јане Сандански и Драчево ќе се утврдуваат вредностите на биохемиско лабораториски здравствени услуги Д-димер и CRP.
Приемот на пациентите со упат Лу1 – covid 19 ќе започне од понеделник 18.01.2021 во посочените поликлиники и ќе биде од 11 ч до 12 ч. секој работен ден од понеделник до петок, соопшти Лекарската комора.

Има пациенти кои за време на прележувањето на болеста по неколку пати прават испитувања на вредностите на Д-Димерите и на ЦРП. До крајот на годинава овие анализи не беа на позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување, заради што имаше и бројни реакции во јавноста поради тоа што станува збор за навистина скапи анализи.

Од од четврти јануари ФЗОМ го воведува новиот образец, односно Лабораториски упат за „Пакет за Ковид-19“, односно “ЛУ1-COVID-19“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.