Статистиката на Министерството за здравство покажува дека моментно во државава имаме 3.648 активни случаи. Најмногу и понатаму во главниот град, 1.335, а само во Пехчево нема ниту еден случај. Зад Скопје, според бројноста на активни случаи се Штип со 400, Гостивар 326, Куманово 276, Струга со 195, Тетово 190, Дебар 127….
По завчерашнате 200 нови случаи, вчера беа регистрирани нови 85, од вкупно направени 1.188 тестирања, 42 оздравени пациенти и четворица починати. Број на ковид дијагностицирани во државава достигна 11.839. Оздравени се 7.664 пациенти, а починаа 527.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.