После 5 години власт на Заев Македонија се наоѓа среде економска, а главен проект на СДСМ е неработна недела. Тоа само покажува дека оваа власт ништо не работи и дека всушност тие се изворот на кризите и главната пречка кон напредокот на стандардот на народот, истакнуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Оттука оваа власт која е извор на кризите не може да биде решение на истите. СДСМ и Заев се причината поради која Македонија галопирачки се задолжува, поради која сме на дното во регионот и Европа по стапките на странските инвестиции, поради која инфлацијата ја зголемува сиромаштијата, поради која цената на струјата расте, поради која во пресрет на грејната сезона нема домашно производство на електрична енергија, туку скап увоз кој се плаќа со народни пари.

Друг пат кога СДСМ ќе сака да обвинува други и да бара алиби за својата неспособност и неодговорност, нека ги погледне резултатите на последните избори и ќе разбере дека на народот му е доста од криминалот и корупцијата на власта на Заев.

Овие 5 години власт на Заев народот тоне во сиромаштија, а елитата се богати врз нивниот грб, велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.