Во најзападниот дел на државава, општините Дебар и Центар Жупа, сите 43 избрачки места се отворени навреме, гласањето е во тек, со одредени мали технички проблеми со апаратите за читање на отисок од прстот на неколку избирачки места во Дебар.

Во најзападниот дел на државава, општините Дебар и Центар Жупа, сите 43 избрачки места се отворени навреме, гласањето е во тек, со одредени мали технички проблеми со апаратите за читање на отисок од прстот на неколку избирачки места во Дебар.

Гласачките места се отворени во седум часот. Гласањето во општина Дебар се спроведува во 27 избирачки места од кои 22 се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. Право на глас имаат 19.211 лица што е за 805 гласачи повеќе споредено со изборите во 2017 година. Вчера своето граѓанско право го остварија 20 болни и изнемоштени лица, изјави Маџиде Атипи, претседателка на Општинската изборна комисија во Дебар.

И во општина Центар Жупа избрачките места се отворени точно во 7 часот и гласањето, според Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија се одвива без проблеми.

Се гласа на 16 избрачки места, седум се во Центар Жупа,додека другите во селските населените места. Изборниот процес се одвива нормално. Вчера правото на глас го искористија 17 болни и изнемоштени лице, изјави Илјаз.

Во единствениот избирачки список за општина Центар Жупа се запишани 7.317 лица или 1.246 гласачи повеќе, спордено со последните локални избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.