Во пелагониските општини Могила и Новаци, кои територијално припаѓаат на Изборната Единица-4, изборниот процес се одвива непречено и без забелешки.
Претседателот на ОИК Могила, Славко Велевски информира дека на 23 избирачки места од евидентираните 5.307 граѓани, до 19:00 часот гласале 55,9 отсто, додека пак претседателот на ОИК Стефче Стефановски потврди дека на 24 избирачки места од 2.928 граѓани со право на глас до 19:00 часот тоа право го искористиле 64 отсто од тамошните жители со право на глас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.