Во повтореното пребарување на опожарениот македонски автобус е пронајдено 45-то тело. Се работи за тело на дете.
Ова за бугарската телевизија „Нова“ ја потврдил заменик главниот обвинител и началник на Националната истражна служба, Борислав Сарафов.
За жал, мистеријата е решена. Нема осми спасен патник. Пронајдовме тело на дете. Во 21.15 часот во трагичната ноќ преку „Капитан Андреево“ влегле 52 патници, од нив 45 биле пронајдени во автобусот, 7 се во болницата „Пирогов“. За жал, нема уште некој што се спасил – рече Сарафов.
Сарафов рече и дека истражителот и обвинителот упатени во Скопје ќе останат таму најдоцна до недела. Мора да ја донесат документацијата поврзана со запалениот автобус и ДНК профилите на роднините на загинатите. Веднаш потоа ќе започне идентификацијата на жртвите од инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.