Дали во Охрид никнува нова дивоградба? Ова прашање го постави редакцијата на Охрид 24, откако, како што тврдат, граѓани доставиле фотографии на кои се гледа како кровот на една зграда станува спрат.

Според граѓаните кои ни ги испратија фотографиите станува збор за зграда во близина на градскиот пазар. Додаваат дека најчесто се работи во сабота и недала кога инспекциските служби не работат. Бидејќи е викенд одговор на прашањето дали никнува спрат дивоградба ќе добиеме дури во понеделник. Колку за потсетување поради состојбата со дивоградбите, загрозено е членството на Охрид во УНЕСКО – пишува Охрид24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.