Во новата година Македонија влезе со 19.379 активни случаи со Ковид-19, откако во вчерашниот билтен на министерството за здарвство беа регистрирани 536 нови заразени од направени 1662 тестирања, како и 15 починати и 741 оздравен пациент.
На инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, заклучно со вчера, се лекуваат 871 пациент суспектен или позитивен на корона вирусот. Во Ковид центрите има околу 450 празни болнички кревети.
Ковид статистиката на Министерството покажува дека најмногу активни случаи има во Скопје 11.333, по што следат Тетово со 847, Струмица со 604, Кавадарци, Охрид, Битола, Прилеп, Куманово со по околу 500…додека Кратово е со најмалку активни случаи – 17.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 83.329, на оздравени пациенти 61.447, а на починати 2.503.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.