Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари посета на Штип од каде ги повика граѓаните да и дадат поддршка на кандидатката Гордана Сиљановска Давкова на вториот круг од претседателските избори кој ќе се одржи во недела.

Бев во Штипската населба Сењак. Македонија е одново пред важна одлука на 5 мај. На 5ти мај се одлучува за иднината. Заедно со народот стигнавме на првиот мегниг. Победивме во 47 општини во Република Македонија. Нашиот втор мегниг е 5 мај сега во Недела кога треба да покажеме дека не само во 47 општини, туку дека заедно со Гордана Сиљановска Давкова можеме да победиме во цела Македонија. Третиот мегниг е победата на парламентарните избори кога ќе ја формираме новата Влада. А четвртиот мегниг ќе биде тогаш кога ќе се разбудам едно утро и кога ќе успееме сонот за Македонија кој сега го сонуваме да стане јаве. Силна држава каде ќе победи правдата, пишува Мицкоски на својот Фејсбук профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.