Вечерва, во 22 часот е свикана итна седница на Владата на која ќе биде одобрен текстот на законотза ЈО и веднаш ќе биде испратен до Собранието – дознава Република.

Според извори на Република актуелната власт се испазарила за 80 гласови за законот за јавно обвинителство и ќе се обиде битен закон за државата да го донесе на шверцерски начин, како што тоа го направи и со уставните измени кои доведоа до промена на уставното име и бришење на македонскиот идентитет. И овојпат техничкиот премиер Оливер Спасовски со власта педводена од СДСМ по пат на сила ќе се обиде да протне закон кој е од огромно значење за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати повтори дека во новиот закон за ЈО актуелната власт го гледа спасот од одговорност за скандалите за кои нема разрешница, а за кои се плаши дека при смена на власта ќе одговара.

Претходно министерката за правда, Рената Десковска, објави бел чад, како симболика на белиот чад кој се испушта доколку Ватикан избере нов папа. Белиот чад во Ватикан се користи како симбол на договор на кардиналите за нов поглавар на католичката црква,кај нас пак се користи како симбол за насилно носење на закони. Претходно, претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека ќе го стави законот на дневен ред само ако постои усогласеност меѓу партиите.

Република денеска објави дека синот на пратеникот Панче Минов е вработен во Собрание непосредно пред гласањето за ЗЈО и дека се повторува уценувачкото сценарио од уставните измени.

И евроамбасадорот Жбогар и францускиот амбасадор Тимоние предходно изјавија дека законот не е приоритет и дека може да се донесе и после изборите.

Сега се наоѓаме во период кога треба да се донесат одлуки каде ние од една страна треба да си ја завршиме својата работа, но и Македонија и Албанија треба да си ја завршат својата работа и да се донесат одредени одлуки коишто ќе помогнат, најверојатно, да се забрзаат роковите. Ќе го споменам Законот за Јавното обвинителство и навистина посакуваме да се донесе тој закон и да биде квалитетен, но исто така сме мошне претпазливи во врска со начинот на којшто истиот ќе се усвојува. Ќе биде потребно преодната Влада коректно да функционира, без поголеми тензии, почитувајќи ги правилата на играта коишто беа прифатени од политичките партии. Затоа, ги повикувам големите политички партии да го имаат предвид државниот интерес, а не да влегуваат во меѓусебни расправии. Ги повикувам да донесат Законот за Јавното обвинителство, кој ќе биде добар и ќе задоволува одредени критериуми и тоа да го направат без предрасуди за партијата или поради лични интереси. Сметам дека тоа ќе биде соодветно вреднувано од најголем број земји-членки на Унијата – рече Тимоние.

Според повеќе независни експерти законот кој го нуди СДСМ е против основните постулати на уставниот систем, а на јавната дебата беше укажано на сериозни грешки во најмалку 55 члена од вкупно 111 членови на текстот.

Со законот СДСМ обезбедува речиси ист систем како тој во пропаднатото СЈО кое треба да го водат обвинители блиски на Заев. Во старото СЈО немаше ниту еден предмет против кадри на СДСМ и ДУИ а беа гонети само функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Со предлогот на СДСМ шефица на новото СЈО се очекува да биде Вилма Русковска која во јуни беше промовирана како наследник на уапсената Катица Јанева на предлог на Заев. ВМРО-ДПМНЕ, но и дел од експертите кои рапсраваа по текстот на предлог-законот посочуваа  дека со предлогот се врши продолжување на урнисаното СЈО во рамките на ОЈО, односно противуставно се става над законот за кривична постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.