Министерката за образование Мила Царовска се себедемантираше дека Историјата нема да се укинува како предмет, обвинувајќи ја опозицијата и медиумите дека шират лажни вести. На веб-страната за новиот нацрт наставен план за основно образование, предметот Историја го нема. Единствено во една реченица е објаснето дека историјата му припаѓа на предметот општествени науки.
Едната група ја сочинуваат задолжителните предмети Македонски/Албански/Турски/ Спски/ Босански јазик, Математика, Природни науки, Општествени науки и Англиски јазик.
Предметот општествени науки опфаќа науки што традиционално припаѓаат на историјата, општествената географија, граѓанско образование, религиите, етиката итн.
Оттука е легитимно прашањето, кој ги шири лажните вести? „Алфа“ постави прашања и до Министерството за образование и наука, дали со новиот нацрт план сепак се укинува предметот Историја. Од таму до последните телевизиски вести одговор не добиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.