Вонредната состојба од 14 дена истекува во сабота, на 14 јуни. Доколку не биде продолжена, тоа ќе значи дека на 5 јули ќе мора да се оддржат изборите, но како проблем пак се јавува зголемениот број на заболени од корона вирусот, пишува „Фокус“.

Владата за ова и други прашања поврзани со Ковид-19 ќе заседава и одлучува во текот на следните денови. Согласно проценките, во моментов не постојат причини и потреби за продолжување на вонредната состојба. Имајќи предвид дека здравствениот систем е подготвен за периодот којшто претстои, економските мерки се целосно уредени и во фаза на имплементација, а за евентуални нови рестрикции во иднина вонредна состојба не е потребна, одговорија од Владата за „Фокус“.

Според владината Уредбата, изборите треба да се оддржат во рок од 22 дена од завршување на вонредната состојба, или во случајот на 5 јули.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.