За седум месеци од почетокот на падемијата во Македонија 700 пациенти починаа од ковид-19. Првиот случај на пациент позитивен на ковид-19 беше регистиран на 26 февруари. На 11 март се затворија градинките и основите и средни училишта во Македонија. Градинките почнаа да работат на 9 септември, а почетокот на училишната година наместо на први септември е прологиран за први октомври. На училиште треба да одат само учениците од прво до трето одделение. За оние ученици кои родителите ќе одлучат, наставата ќе ја следат онлајн, од дома, наместо со физичко присуство. Погорните одделнија, ниту пак средношколците засега нема најава дека ќе почнат со физичко присуство.

Вкупната бројка на заразени изнесува 16.780 луѓе, од кои во моментов активни се 2.131 случаи.

Според последните податоци на Министерството за здравство, досега оздравеле 13.949 пациенти.

Деновиве е забележан пораст на бројот на заразени од вкупниот број на направени тестови. По тој повод министерот за здравство, Венко Филипче, викендов информираше дека се прават анализи кои ќе ги утврдат причините за порастот на бројот на починати пациенти како последица од ковид-19.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово оцени дека овие бројки се погубни и се едни од највисоките во регионот и Европа ако се земе предвид бројот на жители. Тие бараат оставка од министерот Филипче.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.