Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата е под 1.000. Вчера беа регистрирани 29 позитивни резултати на коронавирус.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.407, бројката на оздравени пациенти е 148.960, на починати е 5.448, а бројот на активни случаи изнесува 999.

На инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 134 позитивни и суспектни пациенти на корона вирусот.

На вакциналните пунктови во државата, според последните податоци, се вакцинирани вкупно 245.413 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 384.466 дози вакцини, а ревакцинирани се 139.053 лица.

Со последните бројки, 48 отсто од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина и 35 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Од Министерството за здравство соопштија дека бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 440.213 граѓани.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, во Куманово, во Тетово, во Штип, во Битола, во Струмица, во Охрид, во Велес и во Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.