Откако во текот на вчерашниот ден е регистриран само еден нов случај на заболен од Ковид-19, Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, а починати се вкупно 5.458 граѓани. Бројот на активни случаи изнесува 464.
Од министерството за здравство информираа дека минатата недела во државата бил детектиран и „индиски“ сој на вирусот, кај еден пациент хоспитализиран во приватна болница, кој претходно бил во Ирак.
Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно десет дена бил болен и хоспитализиран. Кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Надлежните соопштија дека состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик.
Во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 126 ковид пациенти, а има околу 500 слободни кревети во ковид центрите.
Што се однесува до главниот град, таму вчера беа хоспитализирани двајца нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Вкупно 51 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град, а во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 75 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало еден примен пациенти, а еден нов заболен е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.ширени.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера на Фејсбук повторно апелираше до сите граѓани кои досега не се пријавиле за вакцинација да го сторат тоа што поскоро.
Вакцинацијата против Ковид-19 во државава започна на 17 февруари. Заклучно со 6 јуни аплицирани се: 60.526 дози на „Фајзер/Бионтек“ (43.441 со прва доза и 17.085 со втора доза), 45.168 дози на „Спутник В“ (22.875 со прва доза и 22.293 со втора доза), 32.875 дози на „Астра Зенека“ (32.843 со прва доза и 32 со втора доза) и 251.705 дози „Синофарм“ (147.998 со прва доза и 103.707 со втора доза).До завчера во државава вакцинирани се вкупно 247.157 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 143.117 лица.
Во меѓувреме, македонските граѓани одат да се вакцинираат и во соседна Србија. Во Врање досега се вакцинирани вкупно 2.032 Македонци, а без закажување е можно вакцинирање и во Ниш и Нови Сад.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, според последните податоци на Градскиот штаб за вонредни состојби во Врање за време на викендот вакцинирани се 927 граѓани на Република Македонија.
Од ПР службата на Здравствениот дом во Врање соопштија дека досега во овој град со првата доза се вакцинирани 2.032 граѓани на Македонија.
Македонските државјани можат да се вакцинираат и на главниот пункт за вакцинација во Врање, во Спортската сала, без претходно закажување и претходно подготвени списоци.
Од Здравствениот дом во Ниш за МИА изјавија дека и во овој град македонските државјани можат да се вакцинираат без закажување преку е-Управа.Покрај граѓаните на Србија, македонските граѓани и граѓаните на БиХ, можат да се вакцинираат и во Нови Сад без покана од е-управа. Достапни се вакцините на Синофарм, Астразенека и Фајзер, додека „Спутник В“ се дава само на граѓаните кои добиле покана од е- Управа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.