Во Македонија денеска до 12 часот има вкупно 26 заболени од коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот изнесува 26 лица. Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив Институтот за јавно здравје направи контролни тестови, кои го потврдија претходниот резултат. Состојбата на сите пациенти е стабилна, велат од Министерството.

Министерот за здравство, утрово, одржал состанок со Комисијата за заразни болести и присустувал на кризниот штаб на Владата.

Повеќе информации ќе следуваат на прес конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче закажана за 14 часот во Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.