Досега до ДИК, како што информира портпаролот на ДИК Адмир Шабани, не се доставени приговори. Имало мал прекин на гласањето на избирачко место во селото Лојане, а причината била неусогласување на сериските броеви на гласачките ливчиња. Гласањето подоцна е продолжено и се одвива непрекинато.

– Што се однесува до прекинот на гласањето во Липково, во избирачко место во село Лојане, добивме информација дека имало краток прекин, а причината за прекинот било неусогласувањето на сериските броеви на гласачките ливчиња. Прекинот траел додека Избирачкиот одбор не проверил дали се на број, при што е констатирано дека има толку гласачки ливчиња колку што се запишани избирачи во Избирачкиот список. Целата оваа ситуација е констатирана во посебен записник. Таму гласањето е продолжено и тече непрекинато, појасни Шабани



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.