Она што се случуваше во деновите пред првиот изборен круг, кога цела градежна механизација беше во селото Лескоец и асфалтираше каде ќе стигне, продолжува и сега пред вториот изборен круг, пишува Охрид 24.
Константин Георгиески и власта на СДСМ во паника од поразот кој им претстои, повторно асфалтираат сокачиња во Лескоец во обид да освојат некој глас.
Порталот пишува дека вработен во ЈП Градски пазар Охрид, во работно време, со службено возило, бил во Лескоец на местата каде се асфалтира и агитирал за кандидатот за градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.