Несовесни граѓани украле и оштетиле два од трите уреди за автоматска дезинфекција на автомобили, коишто Општина Куманово ги постави на три локации на влезот во градот, заради спречување на ширење на коронавирусот, пренесува „СДК.мк“
„Вчера е оштетен уред за прскање на средства за дезинфекција на возилата улица Доне Божинов во населбата Средорек и украден е уред за прскање на локација помеѓу улиците Биљановска и Народна револуција. Апелираме за совесно и одговорно однесување на граѓаните кон уредите кои се користат за дезинфекција на автомобили и на јавно прометни површини. Исто така информираме дека средствата што се користат на пунктовите за дезинфекција на возилата не се штетни ниту за луѓето, ниту за самите автомобили“, информираат од Општинскиот штаб за заштита и спасување, по денешната седница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.