Две прекршувања регистрирал Државниот санитарен и здравствен инспекторат при контролата направена во Куманово околу тестирањето на градоначалникот и членовите на кризниот штаб.
Директорката Сотирова-Бухова на прес конференција информираше дека 25 тестови биле направени, но биле заведени како скрининг, а епидемиологот ги направил без претходно да пополни епидемиолошка анкета.
Сотирова-Бухова додава дека второто прекршување е направено во делот на локацијата на земање на брисевите. Таа вели дека брис од градоначалникот и останатите членови на Кризниот штаб бил земен во општинската зграда што е спротивно на законските норми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.