Обвинителството на Србија и полицијата започнаа истрага за незаконско издавање на 22 дипломи од Факултетот за медицински науки на Универзитетот во Крагуевац за медицински сестри од Хрватска и уште 15 дипломи на доктори добиени на различни факултети, претежно за менаџмент и економија, издадени на граѓаните од Косово и Македонија, објави Новости.
На Универзитетот нема докази дека овие 22 лицаа се запишале на докторски студии, нема податоци за положени испити, нострификација на претходно стекнати дипломи и нема трага од парите кои наводно биле платени за образование. Постојат само дипломи кои им биле издадени.
Ректорот на Универзитетот во Крагуевац, проф. Ненад Филиповиќ веќе поништил 22 дипломи издадени во 2014 година од Факултетот за медицински науки на медицински сестри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.