Тековно и без проблеми се одвива гласањето во казнено-поправните установи низ земјава. Во 13 КПУ право на глас имаат 1.640 лица, од кои најголемиот број во КПУ Затвор-Скопје.
Претседателот на изборната комисија во КПУ Затвор – Скопје, Елвис Хајдар, за МИА информира дека гласачките места се отворени во седум часот утрово и гласањето се одвива без проблеми.
До 11 часот гласале 67 затвореници, додека тројца не гласале, бидејќи не биле на гласачкиот список.
Портпаролот на ДИК Љупка Гугуческа, на денешната прес-конфернеција,соопшти дека сите места се отворени навреме и гласањето во казнено-поправните установи тече без проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.