Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1699 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид-центрите. Од нив 703 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а во болниците во внатрешноста вкупно 996 пациенти.
Како што соопштија од Министерството за здравство во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 65 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало седум примени пациенти и пет биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени шест нови болни и 13 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 12 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 141 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 148 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има осум деца позитивни на коронавирусот, а на ГАК има девет позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 52 болни. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до о часот имало 68 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава, пак, е пријавено дека се лекуваат вкупно 996 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 85 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 97 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 127 во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 97 пациенти, во Кочани 28 во Кичево 34, Кавадарци 64, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, потенцираат од МЗ, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.