Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 170 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 6 пациенти, а вкупно се лекуваaт 128 болни сомнителни и потврдени за ковид 19.
Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од коронао болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти, позитивни и суспектни на ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 16 болни, а во Куманово 32 пациенти позитивни и суспектни на ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 15, во ковид центарот во Гостивар 2, а во Струга 9 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациент, во Кочани 4 во Кичево 7, Кавадарци 4, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 298 и има околу 570 празни болнички кревети во ковид центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од корон вирусот. Вкупно 128 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало 2 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало еден примен пациент и 3 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 17 оздравени пациенти.
Во ковид центрарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 51 болен, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 58 пациенти.
Вкупно 128 пациенти потврдени и сомнителни за ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.