Во изминатите 24 часа во Kовид-центрите во Скопје се хоспитализрани нови 24 пациенти поради компликации од корона вирусот, а во истиот период како оздравени отпуштени се 25 лица. Вкупно 333 пациенти сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациенти бил хоспитализиран на Клиниката за уво, нос и грло, на Клиниката за дерматологија, на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Очната клиника. Двајца болни се примени на Клиниката за неврологија и тројца на Клиниката за нефрологија.
Во Ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника девет.
Во моментов на Кожната клиника во Ковид-центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 20, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 18 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во Ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести шест пациенти, а на ОРЛ 17 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 24 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 93 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.