Во ковид центрите во болниците низ земјава во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 354 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 33 нови пациенти. Вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 21 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 52 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 34, во ковид центарот во Гостивар 6, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани 3 во Кичево 8, Кавадарци 44, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 616 и има околу 418 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 33 нови пациенти.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 нови приеми на пациенти и 10 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 5 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 28 пациенти. На ГАК нема хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Вкупно 262 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.