Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 329 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 23 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 15 болни, а во Куманово 38 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 15, во ковид центарот во Гостивар 5, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 16 пациент, во Кочани 4 во Кичево 7, Кавадарци 6, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 329 и има околу 575 празни болнички кревети во ковид центрите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.