Комисијата за заразни болести заедно со претставници на Министерството за образование и наука денеска одржуваат состанок на кој се очекува да бидат финализирани протоколите за реализација на наставата од 1 септември. Епидемиологот Александар Стојанов, член на Комисијата и директор на Центарот за јавно здравје Скопје, за МИА потврди дека во моментов имаат состанок за протоколите за кои и претходно со работната група на МОН имаа консултативни средби за утврдување на деталите.
Министерот за образование и наука Арбр Адеми во петокот изјави дека зелено светло за модалитетите, како што рече, е дадено од Комисијата за заразни болести со кои во детали ги разработиле, добиле ставови и од СОНК и дека овие денови се очекува нивното финализирање. Додаде дека има доволно време до 1 септември навреме да се организира почетокот на 2020/2021 година и сите училишта да се подготват за спроведување на протоколите за трите видови настава во зависност од епидемилошката состојба – со физичко присуство, онлајн-настава и комбинирана.
Следна фаза е уште еднаш протоколите да се разгледаат во Комисијата и потоа на седница на Влада да се одлучи кој модел конкретно би се активирал за кои околности и во која епидемиолошка состојба, изјави министерот Адеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.