За актуелната ситуација во правосудниот систем доволно зборува последниот избори за членови на Судскиот совет, смета новинарот Саше Димовски, а кого апсурд е во Советот претседателот и СДСМ да поставуваат стручни соработници кои не знаат колку судови има во Македонија.

димовски реагираше на предлогот на претседателот Пендаровски Весна Дамева од Основнииот суд да биде назначена за член на Судскиот совет уште кога Пендаровски го соопшти предлогот.

За членови на Судскиот совет на предлог на претседателот на државата добивме два скандалозни предлози. Едниот е стручен соработник од Министерството за правда за меѓународна соработка, кадар на ДУИ. За жал, Пендаровски стави потпис. Уште поскандалозен е вториот предлог, стручна соработничка од Основниот суд Скопје 1 да стане член на Судскиот совет. Тоа е телото кое треба да ги оцени судиите од Основен до Врховен суд. Стручна соработничка, па нека е најстручна на овој свет, која не облекла тога, која не влегла во судница, која не донела ниедна пресуда, треба да ги цени судиите во Основен, Апелационен и Врховен суд. Кажете ми во која бранша приправник треба да им биде шеф на примариуси, на доктори, на не знам што, на највисоките титули, истакна Димовски.

За Димовски најстрашното е што токму овој предлог доаѓа од претседател на држава.

Најголемото разочарување доаѓа токму од врвот на власта, затоа што претседателот не собра сили да се издигне над политиката и да постави сериозно стручни кадри. Па макар и да се со докторски титули, како што во законот се вели „истакнати правници“: професори, адвокати, научни работници. Во вакво судство и третиот кандидат за член на Судскиот совет, кој не помина, е стручен соработник од Апелациониот суд, конкретен предлог на СДСМ. Значи, СДСМ како гарнитура покажа дека не му е важно да донесе луѓе во Судскиот совет, заклучи Димовски, кој вечерва дебатираше со адвокатот Звонко Давидовиќ во Што не е јасно на Алфа ТВ.

Димовски запраша кој ќе ги преиспита 57-те постапки против судиите.

Кадрите на претседателот и на СДСМ, кои не знаат колку судови има во Македонија?! Немале потреба да знаат колку судови има во нашата држава. Не само што нема политичка волја туку и се злоупотребуваат позициите за да се награди некој. Не може во Судскиот совет да имаме стручни соработници. Самиот наслов „судски“ зборува за нешто што е судско. Истото е и со Советот на обвинители. Па и таму нека стават стручен соработник, па и таму соработниците нека ги оценуваат шефовите, рече Димовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.