Се гради како никогаш досега во сите региони во нашата земја, тврди Зоран Заев во видеото во кое се фали дека државата се осовременува и се подобрува животот на граѓаните. Ова видео е снимено за време на неговата денешна посета на Струмичкиот регион.
Во видеото тој ги набројува сите инфраструктурни зафати во земјава кои ги финансира владата на СДСМ, небере партијата чиј претседател е тој, тоа го прави од сопствен џеб, а не од Буџетот на Република Македонија. Во Струмица тој се пофали и дека Владата, предводена од Социјалдемократскиот сојуз, продолжува да го осовременува и усовршува целиот здравствен систем.
Со ова видео и неговото присуство на денешниот настан на отворање на новото крило во општата болница Струмица, немаше да биде ништо чудно ако ова се случеше, на пример, пред една година.
Но, денес се поставува прашањето: Во која функција Заев се појави на настанот?
Тој одамна не е премиер, ниту пак градоначалник на Струмица. Се појави меѓу сограѓаните за да собира партиски поени пред брзите корона избори кои ги посакува. Со ова видео тој предвреме ја започна изборната кампања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.