Вкупно 180 болни и изнемоштени лица од Кочани поднеле барање до Општинската изборна комисија за да гласаат во домашни услови на претстојните локални избори. Покрај нив, пријава поднеле уште девет лица кои се во изолација поради Ковид-19.

Од Комисијата информираа дека во соработка со лекар специјалист ќе се разгледа поднесената лекарска документација за да утврди дали пријавените ги исполнуваат условите за гласање во домашни услови.

До Општинската изборна комисија во Виница пак, биле поднесени 91 пријава од болни и изнемоштени, а по разгледувањето на документацијата прифатени се 87 барања. Уште четири лица кои се во ковид изолација ќе гласаат еден ден порано.

Од општинските изборни комисии информираа дека успешно се завршени обуките за членовите на избирачките одбори кои се подготвени да го примат и распоредат доверливиот и недоверливиот материјал за гласање.

Во Кочани има вкупно 63 избирачки места, а в недела ќе се гласа на 60 локации, со оглед штом на три места има запишано помалку од десет избирачи кои ќе гласаат во соседното најблиско избирачко место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.