Владата на денешната седница ја задолжи Министерството за правда, во соработка со Министерство за здравство да подготви соодветна уредба со законска сила во која правно ќе ја нормира целокупната постапката за спроведување во државен карантин.
Согласно заклучоците на Владата, сите лица што не ја почитуваат мерката за самоизолација да бидат спроведени во државен карантин и против нив да биде поведена соодветна постапка. Трошоците за време на престојот во државен карантин ќe бидат на товар на лицата што не ја почитувале оваа мерка.
Истовремено, се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата да направат детален оперативен план за спроведување најстроги рестриктивни мерки што ќе ги преземе Владата, со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот Ковид – 19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.