До 19:00 часот во општините Тетово и Јегуновце се надминати 40 проценти на излезност за гласање од страна на граѓаните.
Во Општина Тетово од 84.454 граѓаните гласале 40,97 проценти додека во Јегуновце од 10.168 луѓе гласале 40,52 отсто запишани избирачи. И понатаму општина Желино останува со најмала излезност на граѓаните. Од 23.926 граѓани само 28,16 отсто отишле да гласаат во едно од 35-те избирачки места.
Во Теарце се бележат 36,42 проценти одѕив на граѓаните, а слична излезност е евидентирана во Боговиње со 32,10 отсто и Брвеница со 35, 34 проценти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.