Во градинка да се примаат само оние деца кои навистина нема која да ги чува, а од 1 септември учениците да се вратат во училишните клупи. Во градинките проблем е тоа што нема простор и што тешко може да се одржи растојание меѓу децата, пишува „Деца.мк“’.

На 10 август Комисијата за заразни болести ќе донесе конечна одлука за тоа, кој модел на настава ќе биде применет од 1 септември. Како што информираат од Министерството за образование и наука, претставници на министерството денеска имале средба со членовите на Комисијата за заштита од заразни болести.

На состанокот беше презентиран новиот предлог-акциски план, во кој се сите можни опции и протоколи за започнување на новата учебна година. Комисијата треба најдоцна до 10 август да донесе конечна одлука за тоа, на кој начин ќе продолжи да се спроведува воспитно-образовниот процес, информираат во МОН.

Целиот текст тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.