Гласањето во гостиварската општина во првиот дел од денот го карактеризира зголемена излезност во споредба со првиот круг од локалните избори.
До 13 часот на гласачките места правото на глас го искористиле 15.236 граѓани (18,81%). Споредено со пресекот во истиот термин од првиот круг, излезноста е поголема за над 5 проценти (тогаш имаше близу 11 илјади).
Зголемената излезност ја потврдија и кандитатите за градоначалници и нивните изборни штабови.
Во соседната општина Врапчиште до 13 часот на 39-те избирачки места излегле 4.295 граѓани од запишаните 26.383 избирачи (16,29 проценти).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.