Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, од собраниската говорница запраша зошто наместо на денешната седница да биде образложено зошто се сменети министрите, се слуша како „блеска” оваа Влада.
Точката за разрешување на министри која во своето експозе премиерот ја образложи јас го гледам како платена политичка програма затоа што очекувавме да слушнеме зошто се сменети министрите, а ние слушнавме како блеска оваа Влада. Парадоксот да биде најголем во годината на економијата прогласена од оваа Влада ние го менуваме министерот за финасии, Тевдовски. Очекувавме да слушнеме како блеска економијата, но и зошто е денес сменет Тевдовски. Очекувавме да слушнеме зошто во ситуација кога оваа влада кажува дека културата ни е на највисоко ниво, ние го менуваме министерот за култура, којшто патем речено една надзорна работа која беше побарана од страна на пратениците од опозицијата иако почна и имаше и еден продолжеток, не дозволивте да продолжи согласно динамиката за програмата којашто беше донесена од страна на министерството за култура, истакна Мицевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.