Во европска земја не се забрануваат филм и книга. Во земја во која се забранува филм и книга нема демократија, порача од Делчево Гордана Силјановска Давкова, претседателски кандидат поддржан од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата на вечерашниот митинг.
Силјановска Давкова говореше за правото на слобода на говор и на информации, право кое денес во оваа држава е ускратено.
Гледате што се случило денеска во Арачиново? Новинарска екипа од телевизијата „21“ била избракана од општината, им се заканувале со сила, а потоа се јавиле и кај главниот уредник дека ништо од снименто не смее да биде објавно. А екипата отишла да сними репортажа за тоа дека треба да се гради канализација. А од градбата и од парите за канализацијата нема ниту трага, ниту глас, рече Силјановска Давкова.
Според неа, како професорка по уставно право никој нема право некому да му ускрати на кој било граѓанин право на слободна на информирање.
Па гледате што напавија? Му го забранија филмот на Јани Бојаџи, „Ругање со Христа“, на невидено. Му ја забранија книгата на Стојан Андов. Па во која година живееме? Книга не се забранува, на книга се одговара со книга, со тужба на авторот, но не со забрана. Тоа не е демократија, рече Силјановска Давкова пред делчевчани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.