Додека една од најоптоварените клиники се соочува со наплив на пациенти од Ковид-19, менаџментот на Клиниката за биохемија се занимава со прераспределба на вработени. Односно, на Универзитетскиот институт за клиничка биохемија во време кога пандемијата со корона зема замав и кога институцијата се соочува со огромен наплив на пациенти, место да се занима со нив и да наоѓа начини да услужи што повеќе и што поквалитетно, прави систематизација на вработените.
Имено, со новата систематизација во Клиниката за биохемија при комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје, се укинуваат работни места односно раководни позиции и се деградираат докажани кадри со долгододишни искуства, а на нивно место се ставаат луѓе со несоодветно образовани и работно искуство. Станува збор за пет доктори од билошки науки кои се разрешени, а имаат повеќе од 20 годишно работно искуство. на истите места се ставени лица кои немаат соодветно образование. на овие лица дадени им се договори за работа, не решение само за да не можат да се жалат на постапката на менаџментот.
И истото оди во насока компетентните да се тргнат, а некомпетентните да се стават на раководни места. Од ова последиците ги чувствуваат и вработени и пациентите кои за услуги се обраќаат до оваа институцијата.
За сето ова изразија жалење и револт неколку доктори. Тие се жалат дека сите кои имаат повеќе од 20 годинишно работно искуство велат дека се прераспределени на работни места како соработници, а на нивните поставени се лица речиси без искуство.
„Се назначуваат раководители на одделенија кои се на скратено работно време, со помал степен на образование, со помалку години работно искуство, не почитувајки ги општите и посебните услови од систематизацијата во нашата Институција која е единствена од ваков тип во Државата, припаѓа на терциерна дејност и покрај дијагностичка треба да се бави и со едукативна и научно истражувачка дејност“, вели еден од лекарите.
Тие објаснуваат какви се критериумите за вработување и за раководни функции во клиничките биохемии во земјите од Европската унија, во која сите тежнееме еден ден да бидеме дел. Во Австрија, на пример, главен критериум кој треба да го исполнуваат лицата кои сакаат да се вработат во клиничките биохемии треба да имаат 12 годишно дипломско и постдипломско образование. Во Белгија, Финска, Шведска, исто така, се бара 12 годишно дипломско и постдипломско образование, додека во Велика Британија и Данска потребно е над 12 годишно образование за да може, одредено лице да се вработи во клиничките биохемиски лаборатории.
Нешто помалку од 12 години дипломско и постдипломско образование се потребни во следниве држави, односно во Франција се потребни 10-11 години, Германија 11, Италија 9-10 дипломско и постдипломско образование за вработување и извршување на раководни функции во нивните клинички биохемии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.