Еве можете улицата кај што е централата на СДСМ да ја преименувате во Красимир Каракачанов во духот на пријателството со Бугарија.
А булеварот Партизански одреди преименувајте ја во Бугарски администратори.
Орце Николов прекрстете ја во Оди дома малолетничке.
Новото име на плоштадот нека биде Плоштад Бојко Борисов. Една нека се вика Улица на вакцинираните.
Улицата на која живее Апасиев да се вика А сега бе куриња!
Булеварот покрај МАНУ да се вика Булевар на бугарската историја или Гоце Блгаринот
Булеварот Илинденска пред владата да се вика Канабисови цутови, а оваа што ја сече од Соборна да се вика Тендерска безброј.
Аминта Трети да се преименува во Улица на гејовите или Шан Газолизе
И така…., пишува на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.