Во анализа на непрофитабилната организација „Дип нолиџ груп“ направена за магазинот „Форбс“ за состојбата со Ковид-19 во светот и справувањето на одбрани 200 држави со него, Македонија се наоѓа на поразително 103. место, во друштво со Доминиканската Република, Антигва и Барбуда, Гренада, Киргистан, Маурициус и Св. Луција.

Во табеларниот приказ се земјите кои најлошо се справуваат со вирусот.

Земјите од соседството не се ни блиску до местото на кое е рангирана Македонија.

Грција, заедно со Словенија и Хрватска, е меѓу првите 40 земји, а во горната половина на листата се наоѓаат и Албанија, Србија и Бугарија, па дури и Босна и Херцеговина.

Македонија доживува фијаско на повеќе табели за справување со короновирусот, што наместо напред нè турка во поголема бездна и изолација. Остануваме единствената земја од регионот која не ги отворила границите, а сè поголем број земји, како Бугарија и Словенија, воведуваат задолжителен 14-дневен карантин за секој што доаѓа од Македнија. За Црна Гора, пак, воопшто не сме добредојдени.

По последните статистики во бројот на новозаболени и смртни случаи на милион жители, Македонија е лидер во регионот со стапка на новозаболени која на почетокот од овој месец изнесува 50,5 проценти, за разлика од бројките во регионот каде стапката на новозаболени вкупно за сите земји изнесува 3,6 проценти.

За една недела од 1 јуни, Македонија бележи вкупно 802 новозаболени случаи и 20 смртни случаи. Овој поразителен податок не прави лидер во регионот по лошо справување со коронавирусот.


Загрижувачки е и бројот на вкупно починати од почетокот на пандемијата, кој изнесува 153 смртни случаи, како и огромниот број на активни случаи – 2.226.

Иако министерот за здравство Венко Филипче кажа дека се работи за познати кластери, дека само 15-тина семејства носат вкупно 90% од новите случаи, се очекува бројот да порасне во следниот период заради излезот на над 80.000 граѓани надвор од Скопје викендов, заради потенцијалната можност да го рашират вирусот.

Граѓаните на Скопје викендов коишто не излегоа надвор од градот револтирани заради мерките на владата да не прогласи карантин на ниво на цела држава, сепак останаа затворени во своите домови, додека огромен број на граѓани за викендов решија да посетат некој друг град, сеуште се очекуваат анализите за последиците коишто ќе ги имаат овие дискутабилни мерки на владата.

Владата е на мета на огромен број на критики, заради новите статистики за лидер во регионот по број на новозаболени и смртни случаи, експертѕите велат дека фијаското на владата во незнаење и неспособност во справување за состојбата за коронавирусот е само на штета на здравјето и животот на граѓаните.

Граѓаните и јавноста е навистина загрижена за високиот број на заболени и непрофесионалноста во постапување на министерот за здравство и комисијата за заразни болести. Во македонија се случува дебакл со коронавирусот по најавите пред една недела на власта дека ситуацијата е под контрола. 431-то место на ранг листите во справување со коронавирусот е невидено фијаско и пораз за граѓаните и власта која велеше дека состојбата е нормална.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.