Претседателот на ДИК Александар Даштевски на прес-конференцијата соопшти дека податоците од избирачките места постојано пристигнуваат и се внесуваат на страницата на Државната изборна комисја.

За градоначалник на Град Скопје во проценти, но врз база на мал број обработени податоци може да се соопшти дека кандидатот Петре Шилегов добил 35,26 проценти од гласовите, додека Данела Арсовска доби 38,15 отсто од гласовите. За резултати за Советот на Град Скопје имаме мал процент на обработени податоци, рече Даштевски.

Тој се извини на новинарите ако нешто погрешно кажал во текот на денешните пресконференции.

Се извинувам ако нешто погрешно кажав и јас бев под голем стрес, тежок ден беше, беше важно денот да помине во најдобар ред, сега сметам дека се е во ред полека ќе чекаме резултати, рече Даштевски.

Во ДИК денеска стигнале 286 приговори за заштита на избирачкото право, од кои 217 се прифатени, 19 приговори одбиени, 34 се неосновани, а 16 приговори се во обработка.

За 11 избирачки места за кои беше продолжено гласањето толку колку што беше прекинот, информираме дека гласањето е завршено, и тоа во последните избирачки места во 21.55, или 2 часа и 55 минути после 19 часот, рече Даштевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.