Во делчевското село Тработивиште одржана првата ,,Зелкаријада” манифестација посветена на најзастапениот земјоделски производ кој се одгледува на ова подрачје.
Сузана Стоименова која денес ја имаше улогата на готвач истакна дека зелката како незаменлив производ на трпезата во Пијанец заслужува да има свое обележје во рамки на манифестација која би прераснала во традиционална.
-Зелкаријадата ја правиме бидејки надалеку Тработивишката зелка е препознатлива како вкусна, ,,реава” и незаменлива како производ и затоа решивме да направиме нешто како традиција. Ова е прва година, а се надеваме дека со тек на годините ќе се продолжи таа традиција, рече Стојменовска.
Тработивишката зелка како производ редовно е присутна на пазарите во пошироката околина на Источна Македонија, во моментот со активно производство на зелка се занимаваат 20-тина семејства од ова делчевско село.
-Во овој период многу е барана, немаме доволно залихи да одговориме на побарувачката. Зелката обично ја садиме од старо семе од дедоовци и баби штоцни останало во наследство. Имаме и увозни сорти, за да видиме дали ќе успеат, но околу 90 проценти е домашно семе, додаде Стојменовска.
Покрај презентацијата на храна од зелка денешниот настан како што додаде некогашниот угостител Фиданчо Цинцовски е луѓето да се потсетат на некогашната дружба која ја имале во село Тработивиште.
-Денешниот специјалитет е зелка со телешко месо со додатоци од зачини како и за други јадења. Ова е прва ваква манифестација задоволни сме од посетеноста, следната година планираме да ја збогатиме и со други локални производи од храна.
Во рамки на првата Зелкаријада беше отворена изложба на традиционални земјоделски производи карактеристични за Пијанечкиот рефион кои во комбинација со зелката му дадоа посебен шмек на овој натпревар./MИA
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.