Во Дебар заврши гласањето на лицата во самоизолација или болни од Ковид-19.
Поради потребата да бидат дома во изолација или болни од Ковид-19 за гласање беа пријавени 15 лица и сите го искористија своето право на глас. Ова право во текот на утрешниот ден треба да го остварат 29 болни и немоќни лица, изјави за МИА, Елмира Бакали, претседателка на Општинската изборна комисија.
Во општина Дебар в среда ќе се гласа на 27 избирачки места а во единствениот избирачки список се запишани 18.764 граѓани со право на глас.
Во соседната општина, Центар Жупа, немаше пријавени лица за денешното гласање.
Кај нас немаше пријава за денешното гласање, додека правото на глас утре треба да остварат четири болни и немоќни лица, колку што и се пријавија, потврди за МИА, претседателот на ОИК за Центар Жупа, Еран Зубер.
Во оваа општина в среда ќе се гласа на 16 избирачки места а во единствениот избирачки список запишани се 7.061 граѓанин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.