После 10 дена без ниту еден новозаболен од коронавирусот и поминати 30 дена од прогласување кризна состојба, од вчера на териториите на општините Дебар и Центар Жупа важат истите мерки како и во целата држава.

Затоа, Владата по предлог на Главниот координативен кризен штаб, ги укина сите дополнителни мерки предвидени за територијата на споменатите две општини кои беа на сила според акцискиот план подготвен на 13 март 2020.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.