Во рамки на вториот круг на гласање за градоначалник на Дебар, в сабота, 13 ноември, ден пред гласањето, правото на глас ќе го остварат 70 болни и изнемоштени лица.
Од вкупната бројка, 58 се од првиот рок, кога сè уште не беше одлучено за прегласување на едно гласачко место во градот. Останатите 12 се од 17-те барања што беа доставени минатата недела. Изборниот материјал го добивме денеска, кој навреме и ќе го распоредиме и се е подготвено за одржување на вториот круг од гласањето, изјави за МИА, Јованка Јосифовска, потпретседателка на општинската изборна комисија.
Во првиот изборен круг за гласање беа пријавени 21 болно и изнемоштено лице, едно барање не беше прифатено а правото на глас го остварија 20 лица.
Ниту за првиот, ниту за вториот изборен круг, до комисијата не е пријавено ниту едно заразено лице со Ковид-19 или во изолација.
Во единствениот избирачки список во оваа општина запишани се 19.211 лица, а се гласа на 27 гласачки места. Во првиот круг правото на глас го оствариле околу 42 отсто од запишаните.
В недела граѓаните од оваа општина ќе избираат меѓу актуелниот градоначалник Хекуран Дука, кандидат на ДУИ поддржан од СДСМ и коалицијата и Беким Поцеста од Алијанса за Албанците-Алтернатива поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.