Во попладневните часови се зголемува процентот на излезност на гласањето на денешниот втор круг за градоначалник на Дебар.

Според Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија до 15 часот правото на глас го оствариле 29 отсто од вкупниот број запишани во единствениот избирачки список, што е за четири проценти повеќе од првиот изборен круг.

Од вкупно запишаните 19.211 гласачи правото го оставриле 5.561 граѓани или 29 отсто, што е четири проценти повеќе споредено со првиот круг. Тогаш до 15 часот правото на глас го остварија 4.784 или 25 отсто, изјави Хаса за МИА.

Додаде дека до сега поднесени се девет приговори за заштита на личното избирачко право и истите се прифатени.

Според него членови на ОИК вршат редовно обиколки на избирачките места со цел увид во работата на избирачките одбори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.