Вечерва  околу 15 минути по 22 часот во дебарско е почувствуван земјотрес. Тоа ги вознемири жителите на Дебар, каде што тресењето бее најсилно почувствувано.

Особено вознемирени беа оние кои живеат во повисоките катови на стамбените згради, објави Алсат.

Според првичните информации кои ги пренесуваат медиуми во Албанија, епицентарот бил на албанска територија, шест километри од градот Лежа со јачина од 4,8 степени според Рихтер и на длабочина од 10 километри.

Земјотресот е почувствуван и во повеќе албански градови, Фуш Круја, Драч, Скадар и Тирана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.