Во Дебар денеска не се одвиваше вакцинацијата на граѓаните над 77-годишна возраст, поради проблем во системот за упатување и пријавување.
Според директорот на Општата болница со проширена дејност, Баки Алили, каде што во службата за вакцинација требаше да почне имунизацијата против Ковид-19, се било подготвено за почеток, но проблемот настанал на релација со матичните лекари и пријавувањето, што го потврдуваат и самите матични лекари.
Проблемот се појави со затајувањето на системот за начинот на пријавување и упатување на лицата кои беа пријавени преку електронски пат или нивните матични лекари а се постари од 77 години. Овој проблем е веќе надминат и сега ги подготвуваме соодветните пријави за тоа – вели Африм Маќелара, матичен лекар.
Во Дебар на 30 март пристигнаа 88 дози од вакцината „Астра Зенека“ со која ќе бидат опфатени лца од општините Дебар и Центар Жупа.
Директорот Алили, вели дека вакцините се чуваат во соодветни фрижидери кои ја одржуваат препорачаната температура, а имунизацијата ќе ја спроведува службата за вакцинација при болницата.
Алили посочува дека болницата располага со соодветно обучен тим, кој веќе ги има примено двете дози од вакцината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.