Пред утрешното гласање за градоначалник на Дебар, денеска правото на глас треба да остварат 70 болни и изнемоштени лица.

Во моментов вршиме распределба на изборниот материјал за сите гласачки места, а материјалот треба да го подгне и избирачкиот одбор кој ќе го спроведе гласањето во домашни услови на болни и изнемоштени лица. Гласањето на овие лица планираме да почне на пладне, изјави Рилинд Хаса, претседател на општинската изборна комисија.

Своето право на глас, додава, денеска треба да го остварат 70 лица или 50 повеќе од првиот изборен круг, кога гласаа 20 болни и изнемоштени.

Ниту за првиот, ниту за вториот изборен круг, до Комисијата не е пријавено ниту едно заразено лице со Ковид-19 или во изолација.

Во единствениот избирачки список во оваа општина запишани се 19.211 лица а утре ќе се гласа на 27 гласачки места. Во првиот круг правото на глас го оствариле околу 42 отсто од запишаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.