Во емисијата „Oбјектив“ во четврток, 20:15 часот на МТВ1 по повод актуелната тема – парламентарни избори во државата, ќе бидат објавени целосните истражувања околу предизборниот рејтинг на политичките партии по објавувањето на коалициите, кои ги изврши Институтот за политички истражувања – ИПИС.

Според анкетата,  расте предноста на ВМРО-ДПМНЕ во одно на СДСМ и БЕСА, За за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,1% од испитаниците  додека за коалицијата СДСМ и БЕСА би гласале 21,5% од испитаниците. Разликата е 2,6% процентни поени, но за разлика од другите анкети во оваа анкета рејтингот на БЕСА и СДСМ е заеднички, што значи, рејтингот на СДСМ е далеку помал од 21,5.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.